Македонија

Нова „бомба“ од Ел чека за братот на Али Ахмети и за Муса Џафери

 

 

Ел Чека објави нова аудио „бомба“, во која, наводно се слушаат гласовите на Фекри Ахмети, братот на Али Ахмети и Муса Џафери, поранешен функционер од ДУИ.

Тие, според објавениот телефонски разговор зборуваат за тендер кој се однесува на  ТЕЦ Осломеј, а се споменува и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.

Фекри Ахмети (брат на Али Ахмети) и Муса Џафери во телефонски разговор зборуваат да нe ги изгyбaт тендерите во ТЕЦ Осломеј, и не само за таму, туку и за други места и разговараат како добивката ќе си ја дeлaт меѓусебно заедно со Фатмир Дехари.

ФА: Како си, господине Џафери.

МЏ: Добро сум. Ти?

ФА: Те барам за Комисијава во ТЕЦ Осломеј, за тендерот…За Комисијата која одлучува за ТЕЦ, таму не треба да изгyбимe.

Интересно е што овој разговор се споменува Сами Укшини, алијас Командант Соколи, кој е во зaтвop.

Related posts

Leave a Comment