Два турски борбени авиони Ф-16 влегоа денеска во грчкиот воздушен простор без да поднесат планови за летање и летаа над островите Панагија и Инуси, соопшти Грчкиот Генералштаб на грчката национална одбрана.
Како што е наведено, двата турски авиони летаа над островите на надморска височина од 7.000 метри во 13:07, 13:00 и 13:12 часот, според “АНА”.
Грчки борбени авиони ги идентификувале и пресретнале турските борбени авиони, во согласност со меѓународните правила.