Свет

НОВИ СУДИРИ ВО БОЛИВИЈА! Поддржувачите на Моралес извикуваа: ГРАЃАНСКА ВОЈНА! Полицијата употреби солзавец!(ФОТО / ВИДЕО)

(ФОТО / ВИДЕО) НОВИ КОНФЛИКТИ ВО БОЛИВИЈА!  Поддржувачите на Моралес извикуваа: ЦИВИЛНА ВОЈНА!  Полицијата употреби солзавец!

Еден ден откако лидерот на опозицијата во Сенатот Џанин Ањес се прогласи за привремен претседател на земјата, а по оставката на Ево Моралес, избувнаа нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, пренесува АП. Демонстрантите излегоа на улиците Ла Паз и Ел Алтоа, кој се  смета за упориште на Моралес, мавтајќи со разнобојни домородни знамиња и извикуваа „Сега, граѓанска војна“.

„Не сакаме никакви диктатори. Оваа жена тргна на нас и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри сè додека не се врати Моралес. Тој треба да ја донесе куќата во ред“, рече еден од демонстрантите.

Џанин Ањес се прогласи за привремен претседател на Боливија, и покрај недостатокот на кворум за време на нејзиниот избори, откако членови на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес, кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето.

И покрај тоа, таа ја превзема власта, наведувувајќи дека Уставот не бара задолжителен кворум во Конгресот. Откако се прогласи за претседател, таа назначи нов командант на армијата.

Related posts

1 comment

DLM 14/11/2019 at 12:16

Малку простор во медиумите на македонски јазик им се дава на случувањата во Боливија и воопшто за Јужна Америка.
Познавањата скромни, интересот не баш голем, зошто е така само Бог знае!
Инаку во Боливија е инсталирана класична фашистичка власт, тнр. запад ги симна ракавиците и веќе не користи “кадровици“ кои пијат коктели туку користи криминални-кадровици кои фрлаат коктели врз полиција.
Пред повеќе години некаде напишав дека западната империја има 2 избора или да започне десетици и стотици мали кризи и војни низ светот или да направи глобален судир -апокалипса- како единствени решенија за да ја задржи својата хегемонија и доминација. Очекувано беше по победата на Штрумф да се оди со варијантата стотици кризи затоа што Килари како експонент на глобален конфликт ги изгуби…
Ова никако не ја намалува можноста за голем натпревар, затоа што откако ќе видат дека таквата стратегија не ги дава посакуваните резултати тие со сигурност од 100% ќе се пробат и со вториот механизам а се со надеж за понатамошна хегемонија во Светот. За жал ниту првиот ниту вториот начин ќе ги дадат очекуваното, затоа што нивното време помина, само одбиваат да ја прифатат суровата вистина, се раѓа нов Свет и нивното место нема да е тоа што они се замислуваат, едноставно распоредот на силите а и нееднаквоста диктираат сосема нови модели.
Единствено останува надежта дека можеби некој ќе се вразуми и сето тоа ќе заврши со малку жртви, иако историјата говори дека нема баш така лесно да оди.

Во Боливија е извршен државен удар на крилјата на класични неофашистички фаланги и американски империјализам, погледнете ги главните актери сите до еден се фашисти-нацисти со педигре (малку е познато дека една група нацисти по WW2 побегна и најде засолниште во Боливија)… новата претседателка (малку позабегана верзија на нашиот Црпе) лудува со Библијата и веќе подготвува терен за следниот чекор од сценариото. (нашиот Црпе беше црпнат од Бога оваа малку е повешта па мафта со Библијата).
Водечки фигури во државниот удар се:
Carlos Mesa
Branko Marinkovic (од овие краишта-Хрватска ама со богато нацифашистичко педигре)
Luis Camacho

Околу 52% од населението се изјаснуваат за Индијанци, и останатите не се чисти ама за себе мислат дека се белци и дека се од Бога дадени да управуваат со Индијанците…

Мислам дека на сите клучни точки во Светот се започнати конфликти, дали тоа ќе биде доволно да ја сочува-одложи конечната пресметка и да ја сочува доминацијата на англосасите+германите, не верувам, дури сум сигурен во нивниот пад!

Reply

Leave a Comment