Свет

ОАЕ ги намалува своите сили во Јемен поради зголемените тензии меѓу САД и Иран

 

 

Обединетите Арапски Емирати, клучен член на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори во Јемен, го намалува своето воено присуство таму, бидејќи влошувањето на тензиите меѓу САД и Иран е закана за безбедноста поблизу до дома, изјавија четворица западни дипломати.

Обединетите Арапски Емирати извршија повлекување на некои трупи од јужното пристаниште Аден и западниот брег на Јемен, изјавија двајца дипломати, области каде што државата од заливот изгради вооружени локални сили кои ја предводат борбата против  Хутите долж брегот на Црвеното Море.

Тројца дипломати велат дека Абу Даби претпочитал да ги има своите сили и опрема при рака, ако тензиите меѓу САД и Иран ескалираат понатаму по нападите врз танкерите за нафта во Заливот и паѓањето на беспилотното летало во Техеран.

“Точно е дека има движења на војници … но тоа не е прераспоредување од Јемен”, изјави висок официјален претставник на Емирати за Ројтерс, додавајќи дека ОАЕ останува целосно посветена на воената коалиција и “нема да остави вакуум” во Јемен .

 

Извор: Ројтерс

Related posts

Leave a Comment