Свет

„Обид за државен удар во Еквадор“: Немири, 100 уапсени, претседателот ја повлекува владата од главниот град (ВИДЕО)

 

Стотици луѓе беа уапсени за време на протестите за цената на горивата во главниот град на Еквадор, при што претседателот ја повлече владата од Кито во крајбрежниот град Гајакил.

Претседателот Ленин Морено изјави дека нема да се откаже од зголемувањето на цената на горивата и ги обвини неговите противници дека се обиделе да организираатт пуч, пренесува Би-Би-Си.

Претходно, демонстрантите, предводени од домородни групи, блокираа патишта.

Во телевизиско обраќање, Морено истакна дека нема да ги толерира нередите или да се откаже од укинувањето на субвенциите за гориво.

Тој ги обвини претходникот Рафаел Кору и венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека стојат зад „план за дестабилизација“.

Еквадорскиот министер за енергетика објави дека активностите на три нафтени полиња во регионот на Амазон биле прекинати поради напади од неидентификувани групи, со што се намали  производство на тој енергенс за 12 проценти.

Related posts

Leave a Comment