Утрово е ограбена експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај, пренесува „Сител“ повикувајќи се на извори од банката. Како што се наведува во текстот, грабежот го извршила вооружена група додека во експозитурата имало клиенти и вработени. Според информациите на Сител во грабежот нема повредени.