Фудбал

Од Црвена ѕвезда порачаа: Сакаме да играме со Динамо и да покажеме кој е најдобар во регионот

 

Црвена ѕвезда и Динамо Загреб направија голем успех и се пласираа меѓу најдобрите 32 клуба во Европа. Шампионите на Србија и Хрватска, утре ќе бидат во барабаните на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампиони. Динамо е со подобар коефициент и ќе биде во третиот барабан, а Црвено-белите од Белград се во последниот четврти барабан.

Тоа значи дека можно е овие два тима да се паднат во иста група. Ѕвезда и Динамо имаа многу дерби дуели за време на заедничката држава СФР Југославија. Светски познат е инцидентот кога во Загреб се случија нередите на трибините меѓу овие два клуба, а според многумина тоа беше и најава за крвавата војна која траеше неколку години, а Хрватска се оддели од Југославија.

Претседателот на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ вели дека би сакал во групата од ЛШ, неговиот тим да игра против Динамо.

„Остваривме голем успех, бидејќи трета година по ред играме во групна фаза од европските натпреварувања. Кога ќе погледнеме каде бевме пред пет години, можам да кажам дека ова е неверојатно за клуб во Србија. Од клуб кој беше пред згаснување, станавме клуб кој е дел од европската елита. Немам некоја посебна желба за ждрепката, но би било убаво да играме против Динамо и на терен да помажеме кој е подобар. Звезда е најдар и најуспешен клуб во регионот“, вели Терзиќ, кој додаде дека навивачите сигурно би сакале во Белград да дојдат гиганти како што се Реал Мадрид, Баерн Минхен или Јувентус.

Вечерва треба да се одиграат трите последни квалификациски дуели, а ждрепката за групната фаза ќе биде утре попладне во 18 часот.

Related posts

Leave a Comment