Соопштенија

Одговор на македонската дијаспора во Германија и Европа по повод Апелот на Генералниот конзулат за донации во Македонија

Фотографија на Координативно тело на Македонците во Европа.

Одговор на македонската дијаспора во Германија и Европа по повод Апелот на Генералниот конзулат за донации во Македонија

Македонците што живеат во Германија а поддржани и од другите европски држави , со извесна доза на зачудување и негодување, го примија повикот на Генералниот конзулат во Берлин, Германија за донации во фондот за Здравство во Република с…..Македонија .

Ваквиот однос на негација од страна на македонската дијаспора , доаѓа од фактот што досега незаконски преименуваните државни институции , комплетно ги игнорираа нивните барања како во учеството во изборниот
циклус така и во процесот на уставните промени на Република Македонија кои се направија наспроти волјата на македонскиот народ искажана на референдумот од 2018 година.
Тоа е правниот и морален легитимен чин на демократија што ќе преставува идна водилка во нашите размислувања и дејствувања.

Економската и здравствена состојба во која се наоѓа нашата држава, е навистина на загрижувачко ниво и е последица секако и на несоодветните државни мерки превземени досега. Самиот процес на одлучување, ненаменско и нетранспарентно трошење на државниот буџет, остава големи сомнежи кај Македонците во светот за нивно активно вклучување во акциите за помош иницирани од незаконски преименувани државни институции .

Во тој контекст , одговорот на Македонците ширум Европа е бојкот на северните нелегални државни институции а истовремено и силна поддршка за хуманитарни акции, организирани од самите македонски здруженија без државна контрола.
Како поткрепа на изнесеното , веќе неколку дена Македонците во Европа учествуваат во нивна лична акција за испраќање финансиска помош преку свои здруженија во Македонија.

“Што ќе си посееш , тоа ќе си жнееш”.

Никогаш с…..а
Секогаш Македонија.

Бон, Женева, Лондон
9 април ,
Координативно тело на Македонците во Европа.

Related posts

1 comment

DLM 10/04/2020 at 08:35

Најпосле активен ангажман!
Ме радува фактот што конечно некој почна да се однесува адекватно на состојбите и ситуацијата.
Не може квилсиншките групации насилно насадени од страна на монструозниот западен свет да ја користат сегашнава ситуација за да легитимизираат окупација, тиранија и ЕТНОЦИД, доста беше!
Ние кои живееме овде сме принудени-присилени да им го полниме буџетот на Северџистан но вие кои не сте овде можете да бирате, но сепак битката е наша а на вас е колку и дали ќе ни помогнете!

Reply

Leave a Comment