Во интервју за телевизијата РТ, американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека неговата земја е „зла сила“ на која поради тоа и се заканува одмазда.
„Морам со жалење да констатирам дека Америка стана зла сила. Станавме зла сила за сите оние луѓе кои сакаат реформи, кои сакаат да ги променат работите. Особено, за народот! За обичните луѓе! Поради тоа ништо нема да се промени, го знам тоа “, рече тој.
Меѓутоа, Стоун наведе и дека во светот, како што тврди, постои „ историска сила “ што носи со себе „ одмазда “, поради што Америка сето она што го прави може да и сè врати како бумеранг .
Покрај тоа, Стоун рече дека корупцијата во Америка ги надминува сите други земји во светот и дека демократијата во САД е само на зборови, а во реалноста државата ја водат парите .