Регион

Опожарени турски автомобили во северна Грција

 

Грчките власти известуваат за опожарени  возила во сопственост на турски државјани во северниот грчки град Солун, едно од возилата е дипломатско, и уште четири други.

Полицијата соопшти дека непознати лица  во раните утрински часови на 10-ти јуни, фрлиле запалива течност врз  два автомобила.

Едно од возилата е во сопственост на турскиот трговски аташе Серкан Бурали, а другото на  турски државјанин вработен во меѓународна финансиска институција со седиште во Солун.

Уште четири приватни автомобили паркирани во близина беа сериозно оштетени во нападот . Досега Нема непосредно барање за одговорност.

Грција го осуди подметнувањето на пожарите , опишувајќи ги како “неприфатливи и неодговорни.”

“Ние жестоко ги осудуваме нападите со подметнатите пожари на [10 јуни] во Солун насочени кон возила на турскиот генерален конзулат и турски  државјанин вработен во банката за развој и трговија на регионот околу Црното Море “, се вели во писмената изјава на грчкото Министерство за надворешни работи.

Извршителите на нападот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, се додава во соопштението.

Related posts