Геј заедницата во Унгарија денес изрази жалење поради реакцијата , по објавувањето на книгата за млади кои ја промовираат хомосексуалноста, со која премиерот Виктор Орбан им порача да ги „остават децата на мира“.
„Унгарија има закони за хомосексуалност заснована на исклучително толерантен и трпелив пристап“, рече Орбан, додавајќи дека „постои црвена линија што не смее да се премине“ и ја оцени книгата како провокација.
Тоа е збирка од бајки и легенди презентирани од ЛГБТ заедницата, во која се споменуваат лезбејката Пепелашка и убиецот на трансродовиот змеј. Книгата споменува и други маргинализирани заедници: инвалиди, сиромашни и Роми.
„Бидејќи стравот од мигранти и пандемијат не се доволни за мобилизирање на гласачите, сега е време ЛГБТК заедницата да биде жртвено јагне за владата“, рече Тамаш Домбош, член на Хатер, главната асоцијација на хомосексуалци во Унгарија.
Домбош рече дека медиумите редовно ја нарекуваат хомосексуалноста „болест“, додека официјалните лица никогаш не ги осудиле нападите врз припадниците на ЛГБТ заедницата, а полицијата не им обезбедува заштита.
Едно здружение побара повлекување на книгата, додека еден екстремно десничарски пратеник искина копија од книгата на прес-конференција.
Здружението на издавачи и книжарници ги осуди ваквите реакции, споредувајќи ги со однесувањето на цензорите од ерата на нацизмот и комунизмот.