Свет

Орбан му кажа не на Брисел за притисокот околу ЛГБТ и законот за сексуално образование: Закажан референдум за заштита на децата(ВИДЕО)

Cracks in the granite by Viktor Orban, one year after the vote

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, најави референдум за Законот за ЛГБТК заедници, односно за прашањата за заштита на децата.

Референдумот треба да се одржи поради борба против притисокот на Европската унија да ги промени неодамнешните измени и дополнувања на законите за образование и заштита на децата, пренесува Ројтерс.

“Во последните недели, Брисел очигледно ја нападна Унгарија преку законите за заштита на децата. Унгарските закони не дозволуваат сексуална пропаганда во градинки, училишта, на телевизија и во реклами”, рече Орбан во видео на Фејсбук.

Објавувајќи го референдумот, Орбан побара поддршка од гласачите за новиот контроверзен закон кој според Брисел ги поткопува правата на ЛГБТ луѓето, бидејќи Европската комисија поведе прекршочна постапка против Будимпешта.

„Брисел очигледно ја нападна Унгарија во последните неколку недели во врска со законот со кој се забранува промоција на хомосексуалноста кај малолетници“, рече премиерот на видеото објавено на Фејсбук.

Потоа наведе пет прашања, вклучително и дали Унгарците прифаќаат дискусија за сексуалноста со своите деца без нивно одобрување во училиштата, дали поддржуваат промовирање на третман за промена на пол за малолетници и дали поддржуваат „неограничено презентирање на малолетниците медиумска содржина од сексуална природа која влијае на нивниот развој.

Орбан, кој не го наведе датумот на референдумот, побара од Унгарците да одговорат со „не“ на сите прашања.

За потсетување, на почетокот на месецот, Орбан се осврна на критиките од Холандија во врска со овој закон.

Тој тогаш во таа прилика рече дека критичарите „смрдат на морална надмоќ вкоренета во колонијалното минато“.

“Ова е колонијален пристап. Тие едноставно не размислуваат за тоа што можат а што не можат да кажат за друга нација и законите на друга земја”, изјави Орбан за Ројтерс.

Related posts

Leave a Comment