Свет

ОФИЦИЈАЛЕН КИЕВ СО ШОКАНТНИ ИЗЈАВИ: Локалното население труе руски војници со колачи и алкохол

Двајца руски војници умреле во близина на Харков, откако украински цивили ги хранеле со отруени пити, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка агенција.

Несреќните војници починале веднаш откако ги изеле печивата што им ги послужиле жителите на Изум, додека уште 28 војници завршиле на интензивна нега. Неколку стотици руски војници „се тешко болни“ затоа што пиеле отровен алкохол што им го понудиле цивилите.

Украинските власти на официјалната веб-страница на Министерството за одбрана се пофалија со текстот насловен: Окупаторите беа отруени од локалните жители и алкохолот.

објавување, труење

„Украинците со сите расположливи средства даваат отпор на окупаторите. Според достапните информации, жителите на областа Изум (регион Харков)“ ги почестиле „Русите од 3-та моторизирана дивизија со затруени пити.

Поради тоа, двајца окупатори починале веднаш, додека 28 се префрлени на одделението за интензивна нега. Нивната моментална ситуација се разјаснува“, велат Украинците.

Во соопштението се наведува и дека „околу 500 припадници на 3-та моторизирана дивизија на Руската Федерација се во болници поради тешко труење со алкохол од непознато потекло“.

Киев тврди дека руската команда ги отпишала овие смртни случаи како „неборбени загуби“.

Related posts

Leave a Comment