Советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко, одговарајќи на барањето на руското Министерство за одбрана за предавање, изјави дека украинските сили ја продолжуваат борбата, пренесува Си-Ен-Ен.
Шефот на рускиот национален центар за управување со одбраната, Михаил Мизинцев, претходно денеска објави дека руските вооружени сили им понудиле на членовите на националистичките баталјони и на странските платеници блокирани во Мариупол да го положат оружјето, со што ќе бидат поштедени нивните животи.
Мариупол е под блокада на руските сили, а Москва тврди дека припадници на украинските националистички баталјони и странски платеници се блокирани во поранешната металуршка фабрика „Азовстал“.
Киев нареди егзекуција на оние кои сакаат да се предадат
Режимот во Киев ги забрани преговорите за предавање во Мариупол и нареди да се пука во секој што сака да се предаде, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Според него, во поранешниот металуршки комбинат „Азовстал“ заедно со украинските сили биле блокирани околу 400 странски платеници, од кои повеќето се државјани на европските земји, а има и државјани на Канада, пишува Известија.