Романските пратеници ја соборија владата на премиерката Виорика Данчило, отворајќи го патот за формирање преодна влада до крајот на 2020 година.
„Ние ја запревме Социјалдемократската партија да не и наштети на Романија“, рече Лудовик Орбан, лидер на опозициската Либерална партија, која го предводеше гласањето за недоверба.
Ројтерс пренесува дека 238 пратеници гласале за соборување на владата,а биле потребни 233 гласови.