Пекинг денес остро го осуди нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во кој се бараат санкции против кинеските официјални лица во врска со политиката за интернирање на ујгурските муслимани.
Предлог-законот „произволно ги оцрнува контра-терористичките напори на Кина“ во северозападниот дел на Ксинџијанг, кој долго време е мета на напади, се вели во соопштението на портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуе Чунџинг.
Претставничкиот дом на САД донесе закон со кој се осудува „произволниот притвор, тортура и малтретирање“ на ујгурските муслимани во Кина.
Предлог-законот треба да биде донесен во Сенатот и да биде одобрен од американскиот претседател.
Кинеските власти велат дека во камповите, кои ги нарекуваат центри за обука, Ујгурите и другите членови на заедниците со претежно муслиманско малцинство добиваат обука за искоренување на сиромаштијата во Ксинџијанг. Според кинеските власти, ујгурите биле затворени со цел борба против верскиот екстремизам.
Ујгурите се турски народ, кои во најголем дел живеат во Кина. Оваа муслиманска заедница тврди дека е предмет на репресија во Кина. Тие во повеќе наврати биле обвинувани за терористички напади.