НАТО де факто влезе во украинскиот конфликт, но тоа не влијае на целите на Русија.Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече и додаде дека нејзиниот потенцијал овозможува специјалната операција да продолжи и таа ќе биде доведена до крај
„НАТО веќе де факто влезе во украинскиот конфликт. Сепак, тоа на никаков начин нема да влијае на нашите цели и планови, односно специјалната операција продолжува и ќе биде доведена до крај“, изјави Песков за телевизискиот канал „Русија 1“.
На новинарско прашање колку вмешаноста на НАТО во конфликтот ја комплицира позицијата на Русија, Песков рече дека ситуацијата е „суштински потешка“.
„Ова бара, веројатно, наша внатрешна економска мобилизација и други видови мобилизација. Едно е режимот во Киев, а друго е потенцијалот на НАТО. Тоа е дополнителен товар, но нашиот потенцијал ни овозможува да ја продолжиме операцијата под тие услови. “, истакна Песков.