Рускиот пилот аплицираше за испитување на црниот дроб, поради влошеното здравје по операцијата за отстранување на тумори од стомакот
Фото – Константин Јарошенко
Рускиот пилот Константин Јарошенко, кој отслужува 20-годишна затворска казна во американскиот затвор во Данбери, Конектикат, поднесе барање за испитување на црниот дроб, поради влошеното здравје по операцијата за отстранување на тумори од стомакот, изјави за ТАСС во саботата неговата сопруга Викторија Јарошенко .
Претходно, Јарошенко постојано се жалеше на забоболка и стомачни проблеми. Неговата состојба не се подобрила по отстранувањето на голем број на бенигни тумори од неговиот стомак, лекарите советувале да го проверат црниот дроб, но неопходно е да поднесат барање за нова процедура. Исто така во петокот, стана познато дека Омбудсманот за човековите права во Русија, Татјана Москалкова, апелираше до американскиот државен обвинител да го предаде затвореникот во Русија, со оглед на “прогресивното влошување на неговото здравје”.
“Тој испрати барање [за испитување на црниот дроб] во медицинската единица”, рече неговата сопруга, истакнувајќи дека проблемите што ги имал сопругот пред неодамнешната операција се вратија. “Неговото здравје се влошило по операцијата, симптомите на болеста се враќаат, болки во стомакот и сè друго”, додаде таа.
Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов го извести Јарошенко со писмо дека американското Министерство за правда го разгледува барањето на Русија за неговата екстрадиција во согласност со Конвенцијата за предавање на осудените лица од 1983 година.
Случај Јарошенко
Јарошенко беше уапсен во Либерија во мај 2010 година, а подоцна беше тајно префрлен во САД. Во септември 2011 година, тој беше прогласен за виновен за заговор за криумчарење голема кокаинска пратка во САД и осуден на 20 години зад решетки. Сепак, Јарошенко се изјасни за невин, велејќи дека неговото апсење било наместено и случајот бил фабрикуван.
Рускиот пилот прво бил испратен во Сојузната поправна установа Форт Дикс, потоа во средината на јуни 2018 година, прво бил префрлен во транзитен затвор во Бруклин, Њујорк, а потоа во затворот Данбери, кој има повеќе од 1.400 затвореници.
Жената на Јарошенко Викторија претходно изјави дека лекарите во затворот Данбери ги отстраниле бенигните тумори од стомакот.
Руските официјални лица и семејството на пилотот во неколку наврати побараа Вашингтон да го екстрадира во Русија.