Свет

Полицијата во Франција фрли солзавец врз „Жолтите Елеци“, уапсени 25 лица

Flera gripna i Gula västarna-protest | Aftonbladet

Протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ против претседателот Емануел Макрон и лошото управување со кризата предизвикана од пандемијата на вирусот корона продолжуваат и денес во Франција.

Париската полиција соопшти дека досега се уапсени повеќе од 25 лица, а 120 лица се запрени. Организаторите се надеваат дека новите еднодневни маршеви ќе привлечат илјадници учесници.

Неколку стотици демонстранти, чии демонстрации претходно беа одобрени, се собраа на два париски плоштада.

Демонстрациите од една група поминаа без инциденти, но другите беа прекинати откако полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои залутаа од претходно планираната траса. Некои од нив подметнуваа оган во канти за отпад и под автомобили

Париските власти забранија собири на Авенијата Шанзелизе, а делови од париското метро покрај познатата авенија беа привремено затворени.

Забранети се и собири на плоштадот Конкорд, пред Нотр Дам, Марсовите полиња и зградите на парламентот, министерството и владата.

Најавени се и други собири во Марсеј, Тулуз, Лион, Нант, Ница и Стразбур.

Покрај приврзаниците на „Жолтите елеци“, на митингот ќе дојдат симпатизери на радикалната левица, како и граѓани кои се противат на мерките против епидемијата на вирусот корона. Меѓу собраните ќе бидат и сопствениците на ноќни клубови и дискотеки чија работа е загрозена поради санитарните мерки.

Демонстрациите на „Жолтите елеци“ започнаа есента 2018 година во знак на протест против зголемувањето на данокот за гориво, со кои што, како што беше проценето, беа казнети најсиромашните Французи.

Со текот на времето, тие се претворија во антивладини протести во кои страдаа неколку демонстранти, а стотици беа повредени. Тие беа прекинати поради избувнувањето на пандемијата на вирусот корона.

Related posts

Leave a Comment