Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме, изјави Јан Емерик Рошчишевски, полскиот амбасадор во Франција.
🇫🇷🇵🇱🇺🇦🇷🇺Polish Ambassador to France Jan Emeryk Rościszewski: "Either Ukraine will defend its independence today, or we will be forced to enter into this conflict." pic.twitter.com/nzeInQhizR
— AZ 🛰🌏🌍🌎 (@AZgeopolitics) March 19, 2023
Контроверзните зборови на дипломатот ги пренесе француската телевизија LCI.
„Доколку Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме избор, нема да имаме друг избор освен да војуваме“, рече Рошшевски.
Претседателот Анджеј Дуда во четвртокот објави дека Полска ќе и ги предаде првите четири ловци МиГ-29 на Украина во наредните денови. Тој додаде дека авионите во моментов се на сервис и сукцесивно ќе и бидат предадени на Украина.