Свет

Помпео го предупредува Техеран откако САД изведе воздушни напади врз милициите поддржани од Иран во Ирак и во Сирија во кој беа убиени и повредени десетици луѓе

Во воздушните напади на САД врз милициите поддржани од Иран во Ирак и во Сирија се убиени и повредени десетици луѓе. Американскиот државен секретар Мајк Помпео го предупреди Техеран дека Америка ќе возврати ако животите на Американците бидат загрозени. Авионските напади се одговор на убиството на американскиот бизнисмен во ракетен напад врз воената база Киркук минатиот петок.

Целите биле складишта за оружје, командни и контролни центри и, според американски официјални претставници, акцијата била успешна.

Само во Ирак беа убиени 25 милитанти на Катаиб Хезболах и повеќе од 50 повредени – сметани од САД за терористичка организација.

„Дадовме решителен одговор кој јасно стави до знаење дека нема да го оставиме Иран да преземе дејства што ги ставаат во опасност животите на Американците. Ние продолжуваме да го повикуваме Иран да постапи одговорно“, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Техеран ја осуди таквата акција.

„Ние остро ја осудуваме американската воена агресија против ирачкото тло и ирачките сили како јасен пример за тероризам“, рече Абас Мусави, портпарол на МНР.

Американски воени извори соопштија дека бомбардерите „ЕФ-15“ учествувале во акцијата и дека петмина милитанти на „Катаиб Хезболах“ биле погодени, тројца во западен Ирак и двајца во источна Сирија.

Related posts

Leave a Comment