Свет

Поранешен советник на Трамп лансираше нова социјална мрежа

Jason Miller Leaves CNN Amid Legal Mess – The Hollywood Reporter

Џејсон Милер, поранешен висок советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ја лансираше социјалната платформа GETTR, која наликува на социјалната мрежа Твитер, од која Трамп беше доживотно исфрлен.

GETTR се рекламира на Google и App Store како „непристрасна социјална мрежа за луѓето ширум светот“, објави „Политико“.

Плановите на тимот на Трамп

Ројтерс пишува дека Милер со месеци укажувал на плановите на тимот на Трамп да започне нова социјална платформа, откако поранешниот претседател беше блокиран на многу места на Интернет по 6 јануари и бунтот во кој неговите приврзаници го нападнаа Капитол.

Сепак, Трамп нема официјална сметка на GETTR.

Милер за „Фокс њуз“ изјави дека се надева дека Трамп ќе се приклучи на платформата, но и дека поранешниот претседател разгледува низа опции. Тој исто така рече дека Трамп не ја финансира платформата.

Забрана на Твитер

На поранешниот претседател на САД му е трајно забранет пристапот до Твитер, а суспендиран е на Фејсбук најмалку до 2023 година, на Јутјуб се додека не се утврди дека ризикот од поттикнување насилство е намален

Трамп, кој неодамна го згасна краткотрајниот блог на својата веб-страница, минатиот викенд, пред неговиот митинг во Охајо, се приклучи на видео платформата Рамбл.

Портпаролката на Трамп не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.

Related posts

Leave a Comment