Свет

Поранешен украински премиер: Русија го спречи НАТО да ја започне третата светска војна

НАТО планираше третата светска војна да ја започне со употреба на нуклеарно оружје против Русија, а во тоа клучна улога одигра актуелната владејачка елита во Украина, контролирана од САД и националистите, изјави поранешниот украински премиер Микола Азаров.

„Од декември 2021 година, Русија доби информации за плановите на Алијансата да распореди четири воени бригади (две копнени, една поморска и една воздушна) на територијата на Украина, вклучително и воздушна бригада со можност за носење нуклеарни боеви глави. НАТО сакаше да се договори за воведување сили во летото 2022 година на седницата на Советот за безбедност на ОН. Тогаш, најверојатно на крајот на годината, би предизвикале конфликт и би започнале вистински воени акции против Русија со употреба на нуклеарно оружје“, напиша Азаров на својата Фејсбук страница.

Тој исто така изјави дека украинските војници предводени од националистички баталјони се подготвувале да започнат воена операција во Донбас на 25 февруари.

„Ден пред почетокот на војната беа донесени судбоносни одлуки за истребување на рускојазичното население во Донбас. „Украинската армија, под водство на националистичките баталјони, се подготвуваше да започне воена операција во Донбас на 25 февруари 2022 година“, тврди Азаров.

Путин спаси стотици илјадници животи во Донбас

Во Украина, како што вели, била подготвена провокација насочена кон уништување на населението на Луганската и Доњецката народна република, а рускиот претседател Владимир Путин спасил стотици илјади животи во Донбас.
„Дури сега има можност да се објават разузнавачките информации за подготовкатс на провокации проследени со предавнички пуч и уништување на населението на територијата на ДНР и ЛНР.

„Путин беше пред Украина и НАТО и всушност спаси стотици илјади животи на граѓаните на двете републики“, нагласи поранешниот премиер.

Во таа насока тој истакна дека Москва одлучила да воспостави ред во Украина за да избегне Трета светска војна и напад на нејзина територија.

НАТО план

Планот на НАТО за Украина предвидуваше блокада на Калининград со помош на полската армија. Како што вели тој, украинскиот план за напади врз ДНР и ЛНР е развиен заедно со Америка.

„Постои верување дека овој план е развиен заедно со патроните од НАТО, имајќи предвид дека Американците претходно префрлија околу пет илјади свои војници во Полска, плус таму беше и полската армија. Според планот, тие требаше да ја блокираат Калининградската група, за во тој случај да не може да напредува кон нападнатата територија на југоисточна Украина“, објасни Азаров.

Тој, исто така, објасни дека планот на НАТО за Украина предвидува дека силите од романска територија ќе ги блокираат мировните сили во Приднестровје.

Според него, една недела пред почетокот на руската воена операција ДНР известила за пресретнатата карта од планирсниот напад на Донбас. Таму беше јасно посочено кога ќе се извршат ударите, со кои единици и со кое оружје, додаде тој.

Да потсетиме, претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека ако Русија не започнала веднаш специјална воена операција во Украина, „буквално следниот ден“ НАТО ќе ја започнел својата операција со посредство на украинските националисти.

На 24 февруари Русија започна специјална операција со цел демилитаризација и денацификација на Украина. Во телевизиско обраќање до Русите, рускиот претседател Владимир Путин рече дека околностите „бараат решителна и итна акција“ и дека народните републики во Донбас и се обратиле на Русија со барање за помош.

Подоцна, Министерството за одбрана на Русија нагласи дека руската армија не нанесува никакви удари врз градовите во Украина: воената инфраструктура е оневозможена со средства со висока прецизност.

Related posts

Leave a Comment