– Собраниските избори со секоj поминат ден се наближуваат , со брзина достоjна да jа размачка неjзината содржина по лицата на гласачите , и уште еднаш на листите со претенденти за пратеници да се исчитуваат нови лица со стари мисли.Во тоj случаj , изборот повторно ќе биде во неговото отсуство , без свежи погледи во ерата на пост – индустриското време.
Заради природата на нештата вметнати во законите на физиката , секое себенаоѓање започнува со раѓање , продолжува низ животот како – неопходност и причина заради коjа сме овде и сега. Тоа патешествие , на краjот носи чувство на исполнетост или празнина – темна , зависно единствено , од решениjата кои сме ги носеле одеjќи по улиците и сокаците на личното битисување. Но , на краjот секогаш се стигнува до последниот ,, чек- поинт ,,. И овие правила создадени од универзалната матрица компонирана од Творецот ( од само за него познати причини ) работаат како на живата , така и на неодухотворената природа.
Така и политичкиот систем во Република Македониjа , составен од две основни национални партии , во кои своjата политичка активност jа практикуваа(т) професионални политичари на кои наjчесто на им е важна ,, матичната ,, партиjа – туку сопствениот реjтинг како препорака каj ,, западните ,, партнери за евентуална допадливост коjа носи ,, меѓународна ,, поткрепа во понатамошната кариера. Подоцна , изборот на партиjа е техничко прашање , кое игра минорна улога при реализациjа на големата слика за финалното решение на македонското прашање. Дека е ова ( за жал и печал ) така , зборува и хронологиjата на настаните во последните , речиси , триесет години – од осамостоjувањето во континуитет. Било чива Влада да управува со Републиката ; плановите кроени некаде вон пределите на Македониjа – се реализираат , и покраj сценските перфоманси на , во тоj момент опозициjата , коjа како буфер го задушува напливот на емоции каj Народот , уште еднаш откриваjќи дека е оставен во недоумница од чекорите на лажливите политичари.
Последната операциjа изведена од антимакедонската власт , изведена во стилот ,, Лажи , лажи Вере ,, а поддржана од буферот во сопственост на македонската собраниска опозициjа , конечно ги откри сите спектакли играни со народни пари а против него.
Политичкиот антураж го надополнуваат неколку поситни партии со единачни егземплари на ,, подржувачи на подржувачите ,, вечни зависници од наjголемите две партии. Партиите на народностите во РМ се занимаваат воглавно со сопствените гласачи , кои ги одоброволуваат за глас + , ветуваjќи им фантасмагории – повеќе или помалку договорени со ДПМНЕ и СДС . Со ваква политичка архитектура , РМ се самозачленува во редот на држави откажани од сопствениот суверенитет , пресреќни , што ЕУ ќе ги храни , а НАТО ќе ги брани ( а , коj него ќе го брани ? ). Дури и паролава е фалична ; ( ќе ) зборува за идно – ветено – нереализибилно време , познато како – ,, Хранење со утреши ,,. Во постоењето такво време веруваат само лесноверни глуварчиња и шибицари . Првите , веруваат , благодарение на вродениот романтизам , а вторите заради правилата на сопствениот занает. Има уште една катагориjа … ама … не е можно ,, такви ,, да jа менаџираат државава ?!))
Како несобраниска ( непарламентарна ) опозициjа во Република Македониjа има партии , здружениjа , народни движења на родољубиви – здрави сили , од Македониjа и од македонската диjаспора кои обединети во една лига за Македониjа треба да предложат нова развоjна етапа во македонската државна еволуциjа. Дел од овие сили соработуваат со европските суверенисти , а дел гревота е да незапочне соработка со партии кои се jавуваат автохтони преставници на Евроазиската економска заедница. Иднината на Република Македониjа е во неjзината географиjа . Таа како ,Порта на Европа, лежи на новите трговски трансверзали : – исток – запад и север – jуг . Велам , нови, а се ново е само , добро заборавено старото . Тие патишта низ Македонскиот Полуостров се изградени уште во зората на трговските врски меѓу луѓето , а потоа возобновувани низ епохите кои следеле. Недофрлачката политика на сегашните македонски експоненти се заснива врз принципот : исклучителност за самопрогласените исклучитлни. Сите останати 95% од светската популациjа се жртви на сегрегативната норма пропишана со невидливото мастило на македонската државна бирократиjа.
Односите со Еу ( во било коjа следна форма на постоење) треба да се на наjвисоко можно ниво правопропорционално со македонските национални интереси. Но во исто време потребна е дружба – сослужба и со Евроазиската заедница од неколку причини:
-Сегашната броjност на таа заедница изнесува околу 180.000.000 , но интересот од држави како ; Кина , Индиjа , Турциjа , Израел … jа покажува вистинската потенциjа на таа заедница.
-ШОС – како блиска организациjа , понатаму БРИКС , се во дел од раскошната лепеза можности кои ги предлага многуполарниот Свет.
-Таму , во Евроазиjа… Ние сме Македонци , со сите почести , кои произлегуваат од тоа.
Патоказ и аргументити за ваквиот логичен од на новата , преди се македонска , политичко – државничка елита ни даваат : ,, Источниот Поход ,, на Александар Македонски , во потрага на – не само материjални блага .
Друг аманет оставен во вид на код за прогресот на Македониjа jет : ,, Нека Македониjа биде поле за културен натпревар меѓу Народите во коj ,натпревар , рамноправно ќе учествуваме и Ние Македонците заедно со сите народности кои живеат на неjзината териториjа ,, . Наjдобар доказ за љубовта на Македононецот Делчев кон Македониjа ; аманетот е оставен овде во Македониjа , за негово исполнување од поколениjата Македонци кои доаѓаат.
П. С. Ако Ви се чини ; премногу зачестен jет зборот Македониjа во последните две фрази … прав Сте… можам и почесто. ))
Зоран Курљан