Руската армија навлезе во самиот центар на Киев, на само неколку стотини метри од претседателската палата и најважните државни институции. Оваа вест се очекува да биде официјализирана во наредните часови.
Да потсетиме, Русија во четвртокот на 24 февруари започна специјална воена операција во Донбас. Украина прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи со Москва.
НАТО најави и дека ќе распореди дополнителни одбранбени сили во источниот правец.