Свет

Потпишан декрет за одржување референдум за припојување кон Русија во областа Запорожје

Шефот на воено-цивилната администрација на регионот Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека го потпишал указот за одржување референдум за присоединување на регионот кон Русија.

Ја потпишувам наредбата до Централната изборна комисија за почеток на подготовките за референдумот за обединување на регионот Запорожје со Русија“, изјави Балички на форумот „Заедно со Русија“, пренесува агенцијата ТАСС.

Одлуката на воено-цивилната управа за одржување на референдумот предизвика аплауз кај присутните на форумот, а на крајот на настанот беше пуштена и националната химна на Русија, наведува руската агенција.

Related posts

Leave a Comment