Регион

Почина поранешниот црногорски претседател Момир Булатовиќ

 

 

Поранешниот претседател на Црна Гора Момир Булатовиќ почина денеска на 63 години, објави весникот „Вјести“.

Булатовиќ беше претседател на Црна Гора од 1990 до 1998 година и претседател на Сојузната влада на СР Југославија од 1998 до 2000 година.

Тој во 1989 година беше избран за претседател на Претседателството на Црна Гора, а за претседател во 1990 година, на првите повеќепартиски избори.

По осум години, тој изгуби на претседателските избори од својот дотогашен соработник и премиер на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

Related posts

Leave a Comment