„Утре, 24 март, е 23-годишнината од агресијата на НАТО против СРЈ. Нападот беше јасно и ладнокрвно кршење на меѓународното право и преседан што го направија САД и коалицијата во Ирак во 2003 година а сега го користи Русија против Украина“, оценува Настиќ во соопштението доставено до медиумите.
Таа потсети дека Југославија била бомбардирана 77 дена, под изговор, како што го цитираше тогашниот шеф на германската дипломатија Јозеф Фишер, за да „спречи уште еден Аушвиц“.
„НАТО уништи градови, училишта, болници, електрани, цркви, меморијални центри, мостови, возови – делумно дури и со муниција со збогатен ураниум. До денес, населението има здравствени последици“, рече таа.
Таа нагласи дека жртвите на бомбите биле пред се цивили, додека штетата на југословенската војска поради криењето била ограничена.
Настиќ рече дека тогашниот портпарол на НАТО Џејми Шеј ја создал идејата за наводно неизбежна „колатерална штета“, која треба да го прикаже убивањето на цивили и уништувањето на цивилната инфраструктура на ладен бирократски јазик.
„Сепак, во војните, најчести жртви се жените, децата и мажите кои не учествуваат во конфликтот. Тоа е уште една причина да се отфрлат сите војни“, рече таа.
Затоа, подвлекувај, Левица бара безусловно враќање на меѓународното право, кое вклучува забрана за употреба на сила:
„Не смее да има исклучоци“, рече Настиќ.