Свет

Пред 74 години, Америка фрли атомска бомба врз Хирошима, 140.000 луѓе загинаа ВИДЕО

 

Хирошима одбележува 74 години од американскиот напад со атомска бомба.

 

За време на церемонијата, градоначалникот на тој град Казуми Мацуи ја потсети јапонската влада дека треба да се приклучи на договорот на ООН за забрана на нуклеарно оружје.

На церемонијата во Меморијалниот парк присуствуваа 50.000 граѓани, преживеани и потомци на жртвите, како и претставници од 90 земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Велика Британија, пренесува Кјодо.

Комеморацијата започна со минута молчење во 8.15 часот по локално време, точно во времето кога САД фрлија нуклеарна бомба врз Хирошима во 1945 година, во која загинаа 140.000 луѓе.

„Во светски рамки, гледаме егоцентричен национализам во пораст, тензиите се интензивираат од меѓународното ривалство а нуклеарното разоружување  запре“, рече Мацуи на церемонијата.

Тој ја повика јапонската влада да се приклучи на договорот за нуклеарно оружје на ООН.

“Јас ја повикувам владата на единствената земја што почувствува нуклеарно оружје во војна да го поддржи барањето на преживеаните и да го потпише и ратификува договорот, ги повикувам водачите да го покажат пацифизмот на јапонскиот устав со покажување лидерство во преземање на следниот чекор кон нуклеарно ослободен свет”, рече Мацуи.

По церемонијата, јапонскиот премиер Шинзо Абе одржа прес-конференција на која рече дека договорот не ја претставува „безбедносната реалност“.

Абе на церемонијата рече дека Јапонија ќе работи како „посредник меѓу државите со нуклеарно оружје и оние што немаат“.

 

video
play-rounded-fill

Related posts

Leave a Comment