Свет

Премиерот на Грузија: Сакашвили во Ноември кај нас сакаше да отвори втор фронт против Русија

Mikheil Saakashvili: Hunger-striking ex-leader rattles Georgia from jail -  BBC News

Поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили се врати во земјата минатата година за да отвори „втор фронт“ против Русија, изјави Иракли Гарибашвили.

-Имаше информација дека војната во Украина требаше да почне во ноември или декември, а Сакашвили пристигна со таа цел за да биде подготвен да отвори уште еден фронт оттука. За жал, тоа го потврдија нашите украински пријатели, што, според мене, е многу тажно. Нема да правиме ништо што не одговара на нашите национални интереси. Нема да има друг фронт во Грузија – изјави премиерот на Грузија.

Како што наведе премиерот, доколку Сакашвили сега беше на власт во Грузија, војната со Русија ќе беше неизбежна.

Претходно Гарибашвили најави дека Тбилиси нема да се приклучи на бројните санкции кои Западот ги воведе кон Русија поради нападот врз Украина.

Во октомври минатата година премиерот на Грузија Иракли Гарибашвили изјави дека е уапсен поранешниот претседател на таа земја Михаил Сакашвили. Тој објасни дека Сакашвили бил префрлен во затворската единица во Тбилиси. Медиумите јавуваат и дека на Сакашвили му се заканува затворска казна од најмалку девет години.

Related posts

Leave a Comment