Багдад – ирачкиот премиер повика на итна парламентарна седница како би се презеле неопходните и соодветни мерки за заштита на достоинството, безбедноста и суверенитетот на Ирак.
Адел Абдул-Махди побара вонредна сесија, откако командантот на иранската револуционерна гарда, Касим Сулејмани и високи ирачки воени службеници Абу Махди ал-Мухандис, беа убиени во американскиот воздушен напад во Ирак.
Махди рече дека убиените беа симбол на победата против Исламската држава.
Тој исто така рече дека убиството на еден од водачите на про-ПМФ, Абу Махди ал-Мухандис, претставува „агресија против Ирак“.
„Ликвидацијата на водечките ирачки службеници или службеници од пријателска земја на ирачко тло е кршење на ирачкиот суверенитет и напад на достоинството на народот“, рече премиерот Абдул-Махди.
Тој рече дека нападот е „опасна ескалација“ што ќе поттикне деструктивна војна во Ирак и во регионот, пренесува АП.
Исто така, рече тој, ова е „грубо кршење на условите за присуство на американски сили во Ирак што е ограничено на обука на ирачките сили“ за борба против екстремистите на Исламска држава.