Тенис

Пресврт во финалето, па солзи радосници – Софија Кенин е новата владетелка на Мелбурн!

Свртете се во финалето, па солзи радосни - Софија Кенин е новиот владетел на Мелбурн!

Најпријатното изненадување на Австралија опен на крајот со пехарот во раце!

Се роди нова тениска везда – 21-годишната Американка Софија Кенин е новиот шампион на Австралија опен!
Ова е прва нејзина Гренд слем титула во кариерата, а до неа таа дојде по победата во финалето над шпанската тенисерка Гарбињ Мугуружа.
Нивниот дуел траеше два часа и пет минути, а Кенин триумфираше по пресвртот во финалето 4: 6, 6: 2 и 6: 2  и не само на крајот, туку и во финишот од мечот не можеше да ги сопре солзите радосници  .
Во првиот сет Мугуружа беше подобра, прва стигна до брејк за водство од 4: 2, Кенин се врати за изедначување од 4: 4, но следните два гема повторно ги освои шпанската тенисерка, како и првиот сет со резултат 6: 4.
Но, во следните два сета, сè се смени. До крајот на мечот, Мугуружа не успеа да направи ниту еден брејк, а Кенин  направи двапати во вториот и третиот сет.
Како што мечот се приближуваше кон својот крај, Мугуружа се повеќе и повеќе грешеше, особено во последниот гем, кога со двојни сервис грешки практично и подари гем ,сет и победа, на нејзината противничка, кој, секако, го заслужи овој триумф.
Кенин на турнирот дојде како 15-та светска тенисерка, а по денешната титула, од понеделник и официјално ќе ја завземе седмата позиција на ВТА листата.

Related posts

Leave a Comment