Свет

Претседателот на Куба: Америка им плаќа на демонстрантите да поттикнуваат протести, следува револуционерен одговор

Меѓу учесниците на демонстрациите во Куба има и луѓе кои добиваат пари од САД за поттикнување протести, изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел.

 

„Постои група луѓе, платеници кои индиректно ги плаќа американската влада преку американските владини агенции за да организираат такви демонстрации“, рече тој за време на разговорите со своите приврзаници во општината Сан Антонио де Лос Бањос.

Антивладини демонстрации се одржаа во повеќе кубански градови, при што учесниците, меѓу другото, побараа слободни избори и решавање на социјалните проблеми.

Протести се одржаа во неделата во осум градови, вклучително и Хавана. Набргу потоа, голем број граѓани излегоа на улиците да ја изразат својата поддршка за владата и претседателот.

Во врска со ова, претседателот на Куба изјави дека „нема да дозволиме контрареволуционерни платеници продадени на Американската империја да предизвикаат дестабилизација“.

„ Следува револуционерен одговор . Затоа апелираме до сите комунисти да излезат на улиците каде што ќе се случат овие провокации и решително да им се спротивстават “, додаде тој.

Related posts

Leave a Comment