Свет

Притворен поранешниот близок соработник на перетседателот Владимир Путин

Войну возвели в идеологию»: о чем говорит «манифест путинизма» Суркова

Поранешниот помошник на рускиот претседател Владимир Путин, Владислав Сурков моментално е во домашен притвор.

„Причината за приведувањето на Сурков може да бидат истражните мерки во случајот со масовна кражба во Донбас од 2014 година“, пишува „Рускаја планета“, цитирајќи го поранешниот пратеник на руската државна дума Илја Пономарев.

Патем, порано Пономарев беше доверлив на Сурков и работеше во Фондацијата Сколково. Според една верзија, почнувајќи од 2014 година, од рускиот буџет до народните републики во Доњецк биле испратени средства од повеќе милијарди долари, кои требало да се користат за обука во регионите со проруски чувства. Како што сугерира публикацијата, субвенциите наменети за пропаганда практично не стигнале во регионот, што веројатно довело до усложнување на текот на Специјалната Воена Операција во Украина. Познато е дека од 2014 година Владислав Сурков лично ги надгледувал дејствијата на Русија во ДНР и ЛНР.

 

 

Инаку Сурков, во круговите во Кремљ, важи за либерал, а во минатото често беше прозиван од рускиот филозов и поборник на рускиот традиционализам и конзервативизам Александар Дугин, за припадник на петтата колона.

 

Related posts

Leave a Comment