Свет

Протести во Либан : Гореа знамиња на САД и Израел

EPA-EFE / NABIL MOUNZER

Бејрут – Неколку десетици Либанци демонстрираа во близина на амбасадата на САД во Бејрут против, како што рекоа тие, мешањето на САД во внатрешните работи на нивната земја.

Протестот помина без инциденти, а дополнителни либански сили и полиција беа распоредени околу зградата на американската амбасада во североисточниот дел на Бејрут, пренесува АП.

Новинската агенција Анадолија објави дека толпата извикувала: „Смрт на Америка“ и „Бејрут е слободен“, палејќи американски и израелски знамиња, како и фотографии од поранешниот американски амбасадор Џефри Фелтман.

Демонстрации во Либан се одржуваат од 17 октомври, на кои демонстрантите бараат ставање крај на корупцијата и лошото управување со земјата.

Демонстрантите ја осудија неодамнешната изјава на Фелтман дека „демонстрациите и реакциите на либанските лидери и институции против нив, за среќа, се совпаѓаат со американските интереси“.

Либанскиот премиер Саад Харири поднесе оставка на 29 октомври, од кога нема напредок за постигнување нов договор за формирање на нова влада.

Related posts

Leave a Comment