Стотици луѓе го запреа сообраќајот на улиците на Лос Анџелес во саботата, протестирајќи против израелските воздушни напади на Појасот Газа.
Тргнувајќи од блокот на федералните институции кон израелската амбасада, демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „слободна Палестина“ и извикуваа „да живее интифадата“, пренесува АП.
Полицијата го затвори многу фреквентниот Булевар Вилжајер и апелираше возачите да бидат пренасочени.
Демонстрантите се собраа и на плоштадот Чапел во Бостон, од каде се упатија кон израелскиот конзулат и го блокираа сообраќајот.
Мали протести се одржаа и во Хартфорд и во Питсбург.