Владимир Путин и Башар ал Асад се снимени како прават шеги на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп.
Како што се гледа во видеото, Асад вели дека Трамп треба да го следи патот на еден од Христовите апостоли и дека во тој случај сè би било нормално со него.
Асад о дороге в Дамаск, на которой стал христианином апостол Павел: Если Трамп по этой дороге проедет, сразу станет с ним все нормально.
Путин: Пригласите его, он приедет.
Асад: Я готов.
Путин: Я ему передам pic.twitter.com/Gkkvd0KR1J— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) January 12, 2020
Може да се види и како Путин се смее заедно со Асад, кој подоцна објаснува дека Светиот апостол Павле прво бил голем прогонувач на христијаните. На пат кон Дамаск, молња блесна и од небото дојде глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш“, по што веднаш ослепе. Павле бил слеп три дена, но неговата вид му се вратил по неговото крштевање, по што почнал да верува во Исус Христос и да проповеда христијанство.
„Ако Трамп би тргнал по тој пат, сè во врска со него би станало нормално“, рече Асад за време на посетата на Путин на Дамаск, пренесува „Дејли меил“.
„Повикајте го, тој ќе дојде“, рече Путин преку насмевка, а кога Асад рече дека е подготвен да го повика Трамп, Путин додаде: „ќе му кажам“.