Свет

Путин и Ердоган договорија примирје во Идлиб, ВИДЕО

Москва – По шест часа разговори, во Москва заврши средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Средбата беше организирана додека ситуацијата ескалираше во сириската провинција Идлиб.

Претседателите прво зборуваа три часа тет-а-тет, а потоа им се придружија и делегации.

Ердоган и Путин потпишаа договор за Сирија, кој е напишан на турски, руски и англиски јазик.

Тоа е седумдневен договор за прекин на огнот во Идлиб, се вели во прес-конференцијата по состанокот.

Договорот влегува во сила на 6 март, односно на полноќ.

„Ние се договоривме да ги запреме сите активности почнувајќи од полноќ на 6 март и да формираме безбедносен коридор шест километри северно и јужно од областа М4“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој додаде дека договорот ќе го потпишат четворица министри на Русија и Турција.

 

Related posts

Leave a Comment