Свет

Путин: На ​​англосаксонците не им беа доволни санкциите, па се префрлија на саботажа на гасоводите

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги обвини Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за оштетување на гасоводите „Северен тек“.

„Санкциите не им беа доволни на англосаксонците: тие се свртеа кон саботажа. Тешко е да се поверува, но факт е дека тие ги организираа експлозиите на меѓународните гасоводи „Северен тек“, рече Путин, пренесе Ројтерс.

Како што рече рускиот претседател, англосаксонците почнаа да ја уништуваат паневропската енергетска инфраструктура и тоа му е јасно на секој кој има корист од тоа.

„Се разбира, тоа го направи тој што има корист“, рече Путин.

Во понеделникот беа откриени истекувања на гас од системот на гасоводот Северен тек во шведските и данските води на Балтичкото Море, при што Европската унија и НАТО изразија уверување дека инцидентот е резултат на саботажа.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков оцени дека се глупави тврдењата дека Русија стои зад саботажата на гасоводот Северен тек и посочи дека руските власти не знаат што мислел американскиот претседател Џозеф Бајден кога на почетокот на февруари изјавил дека Северен тек 1 и 2 треба да биде отстранети, иако Москва се сеќава на тие зборови,.

Тој рече дека треба да се истражи инцидентот на гасоводите Северен тек 1 и 2 и дека „во теорија, таквата ситуација бара дијалог, брза интеракција на сите страни за што поскоро да се дознае што се случило“, но дека така далеку, како што додаде, „гледаме апсолутен недостаток на таков дијалог“.

Related posts

Leave a Comment