За време на панелот во клубот Валдаи одржан во четвртокот, кога Путин го одржа својот говор, многумина пропуштија еден детал.
Интересен клип на Твитер сподели Френсис Скар, дописник на Би-Би-Си кој ги следи руските медиуми, со коментар: „Нема многу работи помалку смешни од обидот на Владимир Путин да се пошегува со нуклеарна војна“.
На видеото се гледа како модераторот на панелот го потсетил претседателот на Русија на неговите непријатни коментари од пред четири години, на истиот настан, кога рекол дека „сите ќе завршиме во рајот“.
Не брзаме, нели?“, го прашал модераторот Путин.
Рускиот претседател потоа размислуваше за прашањето, што го натера модераторот да коментира дека паузата всушност звучела малку алармантно.
„Го направив тоа намерно за да ве исплашам“, рече Путин смеејќи се.
There aren't many things less funny than Vladimir Putin attempting to joke about nuclear war pic.twitter.com/AcqYZs5fBe
— Francis Scarr (@francis_scarr) October 27, 2022