Свет

Путин: Некои луѓе се спремни да ја продадат и сопствената мајка, како би добиле вила во Мајами или на француската ривиера,од своите западни газди!(ВИДЕО)

Некои луѓе се спремни на се, би ја продале и сопствената мајка заради личен финансиски интерес или да добијат шанса да имаат вила во Мајами или на француската ривиера издавајќи ги интересите на својот народ и земја на оние чии робови се, рече претседателот на руската федерација, Владимир Путин во своето обраќање.

Таквите луѓе се подготвени да ја продадат сопствената мајка, само да им се дозволи да седат во ходникот на оваа „виша каста“ – вели рускиот претседател Владимир Путин кој навести дека Западот се надева дека „петтата колона“ во руската федерација и другите држави, ќе ја заврши работата место нив.

Во неговиот говор Путин нагласи дека:

– Ако руските трупи дејствуваат само во Донбас, тоа нема да доведе до елиминација на заканата, туку дека таму би се поставила само нова линија на фронтот.

Тој напомена дека западните сили се оние кои ја турнаа Украина во војна.

-Западните газди го туркаат Киев во крвопролевање со снабдување со оружје и испраќање платеници, додава тој.

За санкциите вели дека тие се сериозен удар за целата глобална економија, а САД и ЕУ всушност не ги исполнија обврските кон Русија, замрзнувајќи ги нејзините резерви.

Путин напомена дека Русија, за разлика од западните земји, го почитува правото на приватна сопственост, додавајќи дека сега знаеме кој кукавички ги изневери сопствените сојузници и партнери.

Погледнете го видеото :

Related posts

Leave a Comment