Свет

Путин: Русија е подготвена за дијалог за стратешка стабилност

САНКТ ПЕТЕРБУРГ – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија е подготвена да води дијалог за стратешка стабилност и зачувување на начините за неширење на оружјето за масовно уништување. 

„Русија е отворена за дијалог за обезбедување стратешка стабилност, зачувување на неширење на оружјето за масовно уништување и подобрување на ситуацијата во областа на контролата на оружјето“, им рече Путин на учесниците на 10иот Меѓународен правен форум во Санкт Петербург, пренесува Тасс.

Тој оцени дека дејствијата на режимот од Киев во Донбас можат да се опишат само како злосторство против човештвото. „Нема друг начин да се дефинираат дејствијата на режимот во Киев освен како злосторство против човештвото“, рече Путин.

Related posts

Leave a Comment