Православното христијанство и исламот се засноваат на истите основни вредности, рече рускиот претседател Владимир Путин на верска конференција во Киргистан.
Конференцијата, насловена „Православие и ислам – религии на мирот“, има за цел да го промовира меѓуетничкиот и меѓурелигискиот дијалог меѓу Русија и Киргистан, објави „ Москва Тајмс “ .
„Исламот и православното христијанство, како и другите светски религии, се засноваат на фундаментални хуманистички вредности кои се од трајно значење – на милост и љубов кон нашите соседи, правда и почит кон човечките суштества“, рече Путин .
Рускиот претседател додаде дека одржувањето на врските меѓу двете земји е од суштинско значење, како и соработката меѓу верските организации за заштита на мирот и меѓусебниот договор.