Свет

Пушилин соопшти дека „Азовстал“ ќе биде урнат

Шефот на ДНР, Денис Пушилин, соопшти дека фабриката Азовстал ќе биде урната. На нејзино место може да се подигне парк зона или технопарк. Ова беше објавено на Телеграм каналот на властите на доњецкат република. 

„На местото на сегашниот Азовстал се предлага да се направи парк зона или технопарк, одлуката се уште не е донесена“, рече Пушилин. 

Во меѓувреме, според него, уште една фабрика – фабриката Илич – ќе биде реконструирана и пуштена во употреба. 

Пушилин истакна дека градот ќе биде обновен со поддршка на Русија, со акцент на туристичкиот бизнис. 

Претходно руското Министерство за одбрана покажа видео од предавањето на украинските милитанти од централата Азовстал. Во изминатите 24 часа , 694 милитанти го положија оружјето и се предадоа .

Related posts

Leave a Comment