Колумни

Пушкин и Ѕвездата од Кутлеш

 

 

Пред триесетина години , кога jа запознав  сказката ,, Заспаната принцеза и седумте богатири ,, првата мисла коjа стигна до мене беше : ,, Зарем е возможно поетскиот гениj на А. С. Пушкин  не можел да смисли оригинално сценарио , па се послужил со ,, Снежана и седумте џуџиња ,, од браќата Грим?! Таа мисла не ми дозволуваше спокоj , како црв jа разjадуваше моjата восхитеност од стиховите на поетот , коj ( за мене ) беше прв меѓу еднаквите ,  на вечната топ листа како  поет , барабар  со Омир , Шекспир , Алигери , Милтон, Петрарка. Дотолку повеќе , освен раскошниот поетски ( и литературен воопшто) дар , провидението дозволило Александар да се роди во нетитулованото дворско семеjство  – Пушкин , како потомок на африканецот Абрам Петрович Ханибал – инжинер , генерал и воспитаник на Петар Први Романов. Официjалната биографиjа го премолчува фактот за неговата државничка деjност  и броjот на ,, ѕвезди ,, на неговите еполети.
Затоа пак , еден од наjеминентните интелектуалци на 20-тиот век , енциклопедистот , Умберто Еко го запрепасти светот кога во ,, Прашките гробишта ,, ( меѓу другото ) напиша ; Во ,, Ќерката на капетанот ,, А. С. Пушкин дава детален опис на инициациjата во таjното соопштество ,, Света Дружба ,,. И уште : – ,, Кога во гробот , ископан на териториjата на Светогорскиот Манастир ( Псковската губерниjа ) , беше спуштен ковчегот во коj што се упокоjуваше телото на Пушкин , на францускиот литературен небосклон се роди ѕвездата на Александар Дима. Тоj , со темен тен , кадрава коса , широки зулуфи кои се спуштаа дури  до долната вилица и живи очи , стоеше исправен на крмата од бродот со три едра , во чива утроба беше оружjето наменато за Гарибалди , како помош во неговата света мисиjа за обединување на ситните феудални региони во една држава – во обедината Италиjа ,,.
Во друго дело ,, Човекот во железна маска ,, Дима  раскажа  сториjа за судбината на вистинскиот Петар Први , заточеништвото на императорот од родот на Романови. ( проф. Чудинов – ,, Замената на Петар Први ,,).
Ова , е само капка , во длабокото море на активности што ги вршел поетот за задоволување на имперските должности  , воедно  разгоруваjќи го внатрешниот творечки оган. За посланиjата на ( преди се ) поетот преку неговите ,, сказки ,, кои заради своjата суштина воопшто не се детски , а посветени им се токму нив , може многу да се зборува. Колкава е само ценоста на пораката во ,, Руслан и Људмила ,, .  Људмила = Људим мила – Русиjа , Черномор =западен банкар , Руслан= лав заштитник на Људим мила – Русиjа. Во борбата коjа следи , Руслан му jа сече брадата на Черномир т.е. банкарската jамка коjа се стега околу Русиjа…
Црвот на скептичноста не се покажа доволно  силен , Пушкин не е плагиjатор , бездарен крадец на мисли – кои што некоj друг ги уловил од ноосферата ( информативното поле  , каде што е складиран сетот на информации од формирањето на Земjата до актуелниот момент – академик Вернадски ) . Тогаш , зошто во раскошниот опус на маестрото , се наjде место за веќе раскажаното – веќе виденото? Зарем Грим , вредните собирачи на  народен фолклор од  Тракиjа и Македониjа , подоцна форматирани од Т. Гологанов како ,, Веди Славян ,, не jа откриjа ,, Снежана… ,, за европската публика ? Или… можеби  дискурсот е погрешен и станува збор за мисии на националните просветители , кои имале за цел ; пренесување на одредено знаење од ,, вишите предмети ,, како што ги наречуваше Александар Македонски  во разговорите со неговиот учител Аристотел?
Уште еден руски автор К.Чуковски ,во своjата библиографиjа jа има ,, сказката ,, Украденото Сонце и стиховите во неа ,,… Поскокаа по полињата. Им викнаа на жеравите :-,, Тага! Тага!Крокодил на небото Сонцето го проголта! Настана темница…,,. Чудна , до немаjкаде , слика се визуелизира во време читањето на оваа ,, сказка ,,. Крокодилот скока од водата и го проголтува Сонцето  на небо ?! Во наjмала рака ; невообичаена диета за еден крокодил – Сонце ! И , зошто талентиран писател би jа трауматизирал несилната детска психика со ваква фантасмагориjа, ако во себе не носи важна порака? ,, Крокодилот…,, е едно од наjпопуларните сочинениjа напишани од Чуковски…
Супер ! – ќе речат тие кои имаа слободно време и прекумерна трпеливост  да го следат непростиот тек на мисли до овоj ред на букви – построени во зборови… ама какви , добога,  точки на допир имаат Пушкин и Ѕвездата од Кутлеш? Пушкин живеел на преклопот од 18- тиот и 19-тиот век во Руската Империjа ( според Еко и во Фрациjа )  а , Ѕвездата од Македонскиот Полуостров , има возраст од наjмалку 3.000 години и веќе имала возраст за почит тогаш – кога отпочна броењето на новото време , вклучено од  единствениот човек коj што се издигна во Бог, без при тоа да му се потребни ангелски крила по  пат кон  Царството Небесно .
На Пра- Творецот му биле потребни седум дни  да го сотвори Светот , а нам , неговите синови и керќи ќе ни требаат исто толку седмици за да jа докажеме ,аргументирано, правоподобноста на корелациjата помеѓу А. С. Пушкин и Македонската Ѕвезда.
                                                                       ПРОДОЛЖУВА…
Зоран Курљан

Related posts

Leave a Comment