МакедонијаПолитика

Раскол во партијата на Бачев?

Драган Угриновски висок партиски функционер во партијата на Јанко Бачев на својот фб профил објави статус
кој отвара сомнежи дека се случува можен раскол во партијата.Доколку сомнежите се потврдат ова ќе биде втор таков случај откако пред неколку месеци потпретседателот на партијата Стефан Влахов Мицов беше исклучен од партијата поради наводен сомнеж за злоупотреба на финансиски средства од дијаспората.Во продолжение ви го пренесуваме фб статусот на Драган Угриновски во целост:

ВЕЧЕРВА ИМАШЕ СОСТАНОК РАКОВОДСТВОТО НА МПЗ ТВРДОКОРНИ, МЕЃУ ДРУГОТО ЗАВЗЕМЕН Е ТВРД СТАВ ЗА ПРЕСТОЈНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО. И ДОНЕСЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ ЗАКЛУЧОЦИ
1.- ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МПЗ ТВРДОКОРНИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ НА ПАРТИЈАТА ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА.
2.- ДА СЕ ЗАЈАКНАТ АКТИВНОСТИТЕ ЗА УКРУПНУВАЊЕ НА ЧЛЕНСТВОТО.
3.- ДА СЕ СКЛУЧАТ ДОГОВОРИ ЗА ПАТРИОТСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ СО ЗДРУЖЕНИЈА И ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ИМААТ ИСТИ ИЛИ СЛИЧНИ СТАВОВИ КАКО И МПЗ ТВРДОКОРНИ.
4.- ДА СЕ СТАПИ ВО КОНТАКТ СО СИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА БРАНИТЕЛИ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ДОКОЛКУ ПОСТОИ РАСПОЛОЖЕНИЕ , ДА СЕ СКЛУЧИ ДОГОВОР ЗА ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ И ИЗВРШИ ПРИТИСОК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БРАНИТЕЛИ ОД 2001, УСТАВОБРАНИТЕЛИ И ДРУГИ БРАНИТЕЛИ.
5.- ДА СЕ ОДРЕДИ ДАТУМ ЗА ПОТПИШУВАЊЕ ЗА ЗАЕДНИЧКИ БЛОК НА СИТЕ ПАТРИОТСКИ СИЛИ БЕЗ ПАРТИСКИ ПРЕДЗНАЦИ.
6.- ПРИ СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЕДНИЧКО ДЕЈСТВУВАЊЕ ДА СЕ СПРЕЧИ БИЛО КАКВО ПАРТИСКО ДЕЈСТВУВАЊЕ.
7.- СИТЕ ЛИЦА КОИ САКААТ ДА СЕ ЗАЧЛЕНАТ ВО МПЗ ТВРДОКОРНИ МОЖАТ ДА ПИШАТ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА МПЗ ТВРДОКОРНИ.

ДОКОЛКУ ИМАТЕ БИЛО КАКВИ ПРЕДЛОЗИ ИЛИ СУГЕСТИИ СЛОБОДНО ЗАПИШЕТЕ ГИ НА СТРАНАТА НА МПЗ ТВРДОКОРНИ, ЌЕ БИДАТ ДОБРЕДОЈДЕНИ И РАЗГЛЕДАНИ

 

Related posts