Родина Македонија – соопштение до медиумите
Да се биде академик значи да си на врвот на научната мисла каде мислата е најсветла, значи со своите научни дела да си прв и најдобар во служење, просветлување, визионерство за својот народ.
За тоа народот и вредно те наградува од неговата каса која се вика Буџет на Р.Македонија. Таа каса и тој народ не се ниту политичките партии кои се минлива категорија, ниту меѓународни организации кои се исто така минливи.
Единствено нешто што е константа веќе неколку милениуми е Македонија, Македонци, Македонско, одржувана со крвта на револуционерите, просветленоста на духовниците и од мислата на светлите наши учители кои преку медиумот традиција народот ја пренесува од колено на колено
Вашето предавство на идеалите на Македонија и македонскиот народ, поготово од позиција на академик е многу поголемо него ли некоја црпка, црпната од нива од странска служба.
Вие со Северна, како Јуда со сребрениците кои го предаде Исус, ја предадовте светлата мисла на Македонија и Македонците.Македонците тоа нема да ви го простат!
Точка 24 од Програмските цели на Родина: Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.