Медицина

Револуционерно откритие: Кој ја прележал короната може да биде имун цел живот

Од утре Аргентина ќе воведе нови мерки за патници од странство – МИА

Месеци по закрепнувањето од лесна инфекција со ковид 19 луѓето сè уште имаат имуни клетки кои произведуваат антитела против вирусот корона, покажува студија спроведена од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон.

Истражувачите откриле дека ваквите клетки можат да преживеат во резерва цел живот , произведувајќи антитела цело време, се вели во студијата објавена во списанието „Природа“.

Исто така, се наведува дека уште поблаги случаи на коронавирус ги оставаат пациентите со трајна заштита и дека повторените инфекции веројатно ќе бидат невообичаени.

„Минатата есен имаше извештаи дека антителата брзо опаѓаат после инфекцијата со вирусот кој го предизвикува ковид 19, а медиумите го претставија тоа како имунитетот да не трае долго. Сепак, ова е погрешно толкување на податоците. Нормално е нивото на антитела да паѓа по акутна инфекција, но не паѓа на нула, туку се одржува на одредено ниво “, посочува еден од авторите на студијата, Али Елебеди, вонреден професор на Медицинскиот Факултет на Универзитетот во Вашингтон.

Истражувачите откриле клетки кои произведуваат антитела кај испитаниците 11 месеци по појавата на првите симптоми. Тие веруваат дека овие клетки ќе живеат и произведуваат антитела до крајот на животот, а тоа е силен доказ за долготраен имунитет, како што тврдат тие.

За време на вирусната инфекција, имуните клетки кои произведуваат антитела брзо се размножуваат и циркулираат во крвта, со што нивото на антитела е многу високо. Сепак, штом инфекцијата ќе престане, повеќето од овие клетки умираат, а нивото на антитела паѓа .

Сепак, мал дел од овие клетки, наречени долговечни плазма клетки, мигрираат во коскената срцевина и се населуваат таму. Во коскената срцевина, овие клетки континуирано лачат ниско ниво на антитела во крвотокот со цел да се заштитат од нова средба со вирусот.

Елебеди и неговите колеги тестирале 19 лица кои давале примероци на крв во интервали од три месеци, почнувајќи од еден месец по почетокот на инфекцијата. Повеќето имале лесни симптоми , а шестмина учесници биле хоспитализирани.

Тие ја анализирале коскената срцевина на учесниците седум или осум месеци од почетокот на инфекцијата. Петмина од нив се вратијлечетири месеци подоцна и повторно дале примерок од коскена срцевина. За споредба, истражувачите исто така анализирале примероци од коскена срцевина од 11 лица кои никогаш порано немале ковид19.

Откриле дека нивото на антитела во крвта на пациентите кои биле подложени на корона брзо паднало во првите неколку месеци по инфекцијата, за потоа да се стабилизира, односно да биде на исто ниво.

“Петнаесет од 19 примероци на коскена срцевина на луѓе кои биле подложени на корона, содржеле клетки кои произведуваат антитела, конкретно насочени кон вирусот што го предизвикува ковид 19. Таквите клетки сè уште можеле да се најдат четири месеци подоцна кај пет лица кои се вратиле повторни да дадат примерок од коскена срцевина “, велат истражувачите.

Од друга страна, ниту едно од 11-те лица кои не прележале ковид, немале такви клетки во коскената срцевина.

„Овие клетки не се делат. Тие мируваат во коскената срцевина и лачат антитела. Тоа го прават до крајот на инфекцијата и ќе го прават до недоглед. Сè уште не е целосно јасно дали би го имале истиот резултат на истражување кај пациенти кои прележале умерен до потежок облик на ковид 19 “, тврди д-р Елебеди.

Related posts

Leave a Comment