СЕРИОЗНО ЈАВНО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ на МВР НАЌЕ ЧУЛЕВ:
КОЈ ДАДЕ НАРЕДБА ЗА СЕЛЕКТИВНО ПРИВЕДУВАЊЕ, ЛЕГИТИМИРАЊЕ, тормозење, чукање на домашните врати на присутните на МИРНИОТ Протест и ПОВИКУВАЊЕ на информативни разговори во полициски станици на присутните на Протестот пред Влада на РМ, откако заврши протестот и луѓето си беа тргнати за дома.
Укажувам дека ЦЕЛО време, полицијата уредно го обезбедуваше протестот, а присутните соработуваа и се придржуваа на укажувањата на полицајците за носење на маски и држење на меѓусебна дистанца и мирно ненасилно и дисциплинирано постапуваа?
ЗОШТО НА ВРЕМЕНО, ОД ПОЧЕТОК, ПОЛИЦИЈАТА НЕ ГО СПРЕЧИ ПРОТЕСТОТ,
ТУКУ ГО ,,МЕНАЏИРАШЕ”/ДОЗВОЛУВАШЕ ДА СЕ ОДВИВА?!
п.с. пред очите на присутните на Протестот, очигледно беше видливо ТЕЛЕФОНСКОТО ДИРИГИРАЊЕ а потоа и ПОСТАПУВАЊЕ на КОМАНДИРОТ, преку кој се СПРОВЕДУВАШЕ ПОЛИЦИСКАТА ,,ОПЕРАЦИЈА”