МИЛА ЦАРОВСКА, СО БЛАГОСЛОВ ОД ЦАРСКАТА НИ ВЛАДА, ВАКА ЌЕ ГИ (ПРЕ)ОБРАЗУВАЛА НАШИТЕ ОСНОВЦИ
Сѐ поактуелно станува прашањето за воведување на наставата по сексуално образование во деветто одделение во основното образование. Онаа, за која се спроведоа некакви анкети, во кои, нормално, образложението беше убаво спакувано во обланда за да биде широко прифатено. Што всушност се спроведува промовирајќи го сексуалното образование?
Дали всушност се работи за спроведување на Родовата идеологија создадена од ЛГБТИ заедницата. (Навикнати сме да слушаме ЛГБТ, но во последно време е актуалена кратенката ЛГБТИ. Л – лезбејки. Жени кои општат со жени, Г- геј . Мажи кои општат со мажи. Б – бисексуалци. Оние кои општат и со мажи и со жени, Т – трансгендер. Оној кој го променил полот преку операција., или така се чувствува и претставува, И – интерсексуалци. Оние кои немаат точно дефиниран род, најчесто аномалија при раѓање), а која во суштина го промовира следново:
1. В ред е да се срамиш што си се родила како женско, и да се срамиш што си се родил како машко! Ниту Бог, ниту природата немале право да го одлучат тоа! Само ти имаш право да си ги определиш и полот и родот, така, како што ќе посакаш.
2. Не сте зрели за да гласате, за да имате лична карта, возачка дозвола, да се жените и мажите, но зрели сте да си го смените полот или родот уште на 7-8 годишна возраст! Не ви треба согласност од вашите родители! Ако ве пратиле в училиште како син, ние ќе ве вратиме дома како ќерка и обратно! Само посакајте вие, или, пак, ние ќе ве убедиме да посакате!
3. Да ви каже тетка Мила: секој ден можеш да си одбираш дали тој ден ќе бидеш машко или женско, а утре обратно – зависно од тоа, како ќе се чувствуваш. А не мораш да бидеш ниту машко ниту женско! Еве ти список од 100 „флуидни родови варијанти“, секој ден избери си што сакаш да бидеш тој ден. И не прашувај ги ни мама ни тато – тие не знаат! Со закон ќе им забраниме да ви се мешаат во тоа!
4. Ако видиш женско, не ѝ се обраќај во женски род! Прво прашај ја како се чувствува денес: како женско или како машко. Секој ден ќе ја прашуваш! Инаку, кривично можеш да одговараш! Исто и за машко.
5. Погрешно ве учеле вас, машките, дека не треба да влегувате во женски тоалети! Да ви каже тетка Мила: слободно влегувајте, кога и да посакате! Доволно е само да кажете дека во тој момент се чувствувате како женско.
6. Размножувањето не е ниту природен, ниту нормален, ниту научен, ниту пак, потребен процес – ве лажат по биологија и по социологија! Вие, децата, не сте неопходни во ниту едно општество, ниту пак, имате некоја важна улога. Ние ќе воведеме бракови од двајца мажи или од две жени, кои во никој случај не ќе можат да создаваат деца. Зошто мора да има деца на овој свет, а?
7. Ако ве учеле дека лажното претставување е кривично дело, ние сега ве учиме дека женско може лажно да се претставува како машко, и обратно, а ние со закон ќе го заштитиме ова право на лажно претставување!
8. Еден е поголемо од 99! Погрешно ве учат по математика! Еве, за вашите учебници за родова идеологија, решивме ние, 1% граѓани во нашата земја, на чело со мене, се разбира! Тоа е демократија, а не да ги прашуваш оние 99%. Не им дозволивме ниту да дебатираат за ова – ниту на граѓаните, ниту на медиумите, ниту на социолозите, ниту на медицинарите, НИКОМУ!! Сите има да учат така како што сакаме ние! Решителни сме да маргинализираме и да обесправиме 99% од популацијата за да си го спроведеме нашиот став и нема да дозволиме тие ниту да писнат! Власт ли сме, или што!
Родина Македонија јасно искажува став дека нема ништо против сите овие слоеви на популацијата кои живеат спротивно на општо прифатените општествени норми, но најостро го осудува моментот на едукација на нашите деца на овие „вредности“ и испирање на мозокот, промовирајќи го тој начин на живеење, како една од алатките за намалување на популацијата. Родителите и учениците мора да се спротивстават на воведувањето на овие извитоперени, изопачени „вредности“ наметнати од европската блудница. Само вие можете да промените нешто. Од Власта и опозицијата фајде поодамна нема.
ВЛАСТ СЕ. ДА АМА, НЕМОРАЛНИ СЕ, ДЕСПОТИ СЕ, ПРОТИВ ПРИРОДАТА СЕ, ПРОТИВ НАУКАТА СЕ, ПРОТИВ БОГА СЕ.
Прости им Боже, не знаат што прават!